Навивачки хаос во Порто

Навивачите на Порто нападнаа група на гостински навивачии пред дербито против Спортинг Лисабон по што повредени се 48 луѓе.

Големото португалско дерби помеѓу Порто и Спортинг Лисабон заврши со победа на домаќините од 3:1, а освен по првиот пораз оваа сезона на Спортинг, овој дуел го одбележа и големата тепачка пред почетокот на натпреварот.

Домашните навивачи нападнаа група на навивачи од Лисабон, а во општиот хаос беа повредени 48 луѓе.

28 октомври 2013 - 11:27