Навивачите на Рома му ја платиле казната на Манчини за навредливото знаме

Стоперот на Рома, Џанлука Манчини ги разгневи навивачите на Лацио како никој друг. Им даде гол за триумф на „волчицата“ 1-0, се фаќаше за врат со противничките играчи а после мечот вееше знаме во боите на Лацио со исцртан глушец како навредлива алузија дека навивачите на Лацио се глувци.

Дисциплинската комисија на Серија А и нејзиниот прв човек Џерардо Мастрандреа соопштија дека одбранбениот фудбалер на Рома е казнет со 5.000 евра. Проблем? Никаков. Навивачите на Рома во краток временски рок се организирале, собрале 5.000 евра и ја платиле казната на својот играч.

Голот на Манчини за победа снимен од трибините:

Прекрасните кореографии на двете навивачки групи пред мечот:

11 април 2024 - 10:14