
Кога Гави го зел микрофонот да се обрати, навивачите на Реал го исвиркувале и скандирале „Puta Barca“ (навредлив, погрден извик). Ова е редок случај во Шпанија, со оглед на тоа што во Мадрид со златен шампионски трофеј во минатото доаѓале и со право биле величани Чави, Иниеста, Бускетц, Пујол и ред други легенди на шпанскиот фудбал.
Станува збор за млад, 18-годишен фудбалер кој со ништо не ги заслужил овие навреди, особено не по врвните партии кои ги пружа за Шпанија и Барселона.
Непотребна реакција имал и новиот фудбалер на Реал Мадрид, 32-годишниот центарфор Хоселу од Еспањол кој треба да го замени Карим Бензема. Тој го земал микрофонот и рекол: „Дојдов во најдобриот клуб на светот. Напред Мадрид!“
Прашање е како би реагирал Винисиус на слична реакција во Каталонија?