На средина од првиот дел од мечот меѓу Португалија и БиХ Кристијано Роналдо постигна гол со глава но му беше поништен поради очигледен офсајд.
До крајот првиот дел Португалија успеа да го скрши отпорот на Босна и Херцеговина преку Бернардо Силва.
Во еден момент од мечот еден навивач упадна на терен и трчаше до Роналдо.
Kога стигна до него, го гушна па му ги бакнуваше копачките, а во еден момент и го крена во воздух. Потоа го направи познатиот потег „Сиииииууу“ како што Роналдо ги прославува головите а стадионот беше воодушевен. Набрзо редарите го исфрлија од теренот.
That pitch invader is that guy 😂
— Blessed (@BlessedUtd) June 17, 2023
pic.twitter.com/NosJIfh5H0
Ronaldo's reaction to this fan picking him up 😂 pic.twitter.com/9drOiJCJsI
— ESPN FC (@ESPNFC) June 17, 2023
Подоцна после мечот и познатиот блогер ishowspeed кој има милиони следбеници на Инстаграм и Твитер, се сретнал со неговиот идол Кристијано Роналдо:
i met him ronaldo🇵🇹 pic.twitter.com/4k5Ch22zZ9
— Speed⭐️ (@ishowspeedsui) June 17, 2023
IShowSpeed finally met Ronaldo pic.twitter.com/z6hkhjGlYA
— Dexerto (@Dexerto) June 17, 2023
This is the funniest pitch invader I’ve ever seen 😭😭😭 pic.twitter.com/ZYr3hDjJs9
— Dray (@CFCDray) June 17, 2023
Рекордерот по бројот на настапи за репрезентација во историјата, Роналдо синоќа го запиша 199. настап а наскоро против Исланд би можел да стане апсолутно недостижен со 200. настапи на вечната листа.
Со двата гола на Бруно Фернандеш Португалија до крајот од мечот славеше со убедливи 3-0 и е прва во групата. Ова е четврти натпревар по ред на кој Бруно Фернандеш постигнува гол (претходните ти му беа за Ман. Јунајтед).