Најтрофејниот Бразилец од Барселона преживува пекол во затвор

Триесет и девет годишниот легендарен бразилски бек Даниел Дани Алвеш кој пред само неколку месеци играше на Светско првенство за својата репрезентација, веќе извесно време минува низ тешкотии во затворот каде чека судење за наводно силување кое го сторил во познат ноќен клуб во Барселона.

Во познатата емисија Фиеста на каналот Телечинко, откриени се детали за неговото секојдневие во затворот во Каталонија.

Според оние кои имале увид во неговата состојба и зборувале со него, тој има големи проблеми и е целосно изгубен. Доживувал многу напади а во затворската трпезарија додека сите јадат, му удирале по стакло и му викале дека е силувач. Неговата физичка и психичка состојба била нарушена.

„Сè послаб и послаб е. Понекогаш изгледа тажно“, рекол инсајдер во емисијата.

Од друга страна, други извори во емисијата тврдат дека Дани Алвеш, десниот бек кој важи за еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња и кои со Барселона и Бразил освои еден куп пехари, имал привилегии во затворот. Тој постојано им повторувал на затворениците дека е невин и дека не сторил ништо што му се става на терет.

Во затвор го кажувал истото она што го изјавил и последниот пат на суд кога уверувал дека немало никакво силување и дека тоа на почеток го криел со цел да не се открие неговото брачно неверство.

Сопругата само неколку дена по објавувањето на страшниот скандал и почетокот на судскиот процес, јавно преку соопштение се огласи дека се разведува од својот сопруг со кого не сака веќе да има ништо.

9 мај 2023 - 10:01