Со Лацијалите освои со децении чекано шампионско скудето (1999/2000), два Купа на Италија (1997/1998, 1999/2000), Супер Куп на Италија (1998, 2000), УЕФА Куп на Куп победници (1998/1999), Супер Куп на УЕФА (1999). Токму тој Супер Куп на УЕФА Лацио со Свен-Горан Ериксон го освои на денешен ден пред точно 25 години.
Со голот на Марсело Салас на асистенција на Роберто Манчини, Лацио го совлада големиот Манчестер Јунајтед на Сер Алекс Фергусон со 1-0:
На големо беше славено и шампионското скудето кое го освоија благодарение на лудиот и драматичен финиш на сезоната кога лидерот Јувентус изгуби од Перуџа на потопен терен а Лацио со 3:0 ја совлада Реџина на преполниот „Олимпико“ кој беше во еуфорија по поразот на Јуве и освоеното скудето: