Најлудото финале пред Истанбул се одигра во Дортмунд каде паднаа 9 гола

Финалето на Куп на Уефа 2000/2001 Ливерпул - Алавес заврши 5:4. Овој меч влезе на листата најлуди некогаш одиграни. Некој не би погрешил доколку би го ставил рамо до рамо со драмата во Истанбул.

Прво доминираа Англичаните, после тоа неочекуван кам-бек направи шпанскиот клуб кој сензационално стигна до финалето, па мечот отиде во продолженија, па црвени картони во продолженија и златен автогол. Лудница.

ВО ПОЛУФИНАЛЕ ЛИВЕРПУЛ ЈА ПОМИНА БАРСЕЛОНА, А ГИ КРИВЕА ДЕКА ПАРКИРАЛЕ АВТОБУС ПРЕД ГОЛ

Триумфот на Ливерпул во Купот на УЕФА од денешна перспектива можеби изгледа лесен: го совладаа Алавес 5:4 и го кренаа пехарот. Но патот до финалето во Дортмунд им беше пеколен: ја пројдоа Рома со Тоти и Батистута (2:1 вкупен резултат), Порто со Деко (2:0 вкупен резултат), Барса со Гвардиола, Клајверт и Ривалдо (1:0).

„Сонував да играм на 'Камп Ноу'. На првиот тренинг не можев да ги соберам мислите. Подобро да бев турист и да разгледував. Го видов Карју (високиот Норвежанец) и сфатив дека он го чувствува истото. „Вау каков стадион човече“, си рековме еден со друг. Таму сфатив каков пат сум поминал, од дворот во Ајронсајд до 'Камп Ноу'. Дури не ни мислев на резултатот, просто сакав да излезам на тој тревник каде те гледаат илјадници навивачи. Сакав да го доживеам тоа а мислите за победа или пораз беа во втор план“, раскажал подоцна Џерард.

Во Барселона првиот меч заврши 0:0, а на „Енфилд“ Ливерпул славеше со гол на Мекалистер од пенал по играњето со рака на Клајверт. Стиви Џи изјави дека Каталонците во Шпанија им одржале лекција „пас и отворање“.

На „Камп Ноу“ поседот на топка бил 70-30 на страна на Барса а шпанските новинари го обвиниле Ливерпул за ужасен фудбал.

„А што *** очекувавте од нас? Дека лудо ќе тргнеме на Барселона? Па тоа е самоубиство“, луто одговорил Џерард.

Црвените тогаш за првпат после цели 16 години стигнаа до финале на еврокуп. Тоа беше 63 меч во сезоната и Ливерпул имаше шанса да освои епска тројна круна: веќе го освоија Лига Купот и ФА Купот. Францускиот тренер Жерар Улие не ги сметал домашните купови за важни и мислел само на триумф во Еропа.

НА 4 ДЕНА ПРЕД ФИНАЛЕТО СО АЛАВЕС ЛИВЕРПУЛ ГО ОСВОИ КУПОТ, ИГРАЧИТЕ ПИЕЛЕ ДО САБАЈЛЕ, ЏЕРАРД БИЛ НАЈПИЈАН

Трофејниот клуб од „Енфилд“ на 12 мај играше финале на ФА Куп против Арсенал во Кардиф а на 16 мај финале на Куп на УЕФА во Дортмунд.

Мечот во Велс беше многу емотивен: три пати стоперите на Ливерпул ја вадеа топката од гол линија (Аншо со рака, Хипија со нога и со глава). Но во 72' минута Љунберг го отвори резултатот. После следуваше огномет од Мајкл Овен. Иако немаа многу шанси, црвените израмнија во 83' минута преку Овен а во 88' истиот играч реализираше шанса еден на еден за целосен пресврт и луд триумф.

Следело големо славје. Жерар Улие ги молел фудбалерите да не претеруваат многу во прославата и им забранил да пијат. Ама...

„Само пар чаши“, побара од нас тренерот. Ние се трудевме да се ограничиме на две пијачки но не успеавме. Две пинти пиво не се доволно да се прослави победа во ФА Куп. Јас најмногу ја превршив мерата, останатите исто многу. Никој не мислеше за финалето на Куп на УЕФА, мислевме само на освоениот пехар.

Пиевме, го величавме Мајкл и сфативме дека утре ќе ни биде зло. Но тоа беше бесценета ноќ кога не сакаш да заврши. За мене беше врв на сезоната, ништо не се рамни со Купот на Англија“, рекол Џерард.

После неколку дена играчите на Ливерпул стигнале во Дортмунд и не верувале што гледаат од хотелот. Цел град бил во црвена боја а патот до стадионот им бил блокиран од илјадници навивачи кои го тормозеле автобусот и не му давале да помине.

„Навивачите не нè пуштаа, не престанаа да слават после победата во Кардиф. Од прозорот на автобусот видов маици со натпис „Победници на ФА Куп 2001“ и „Тројна круна 2001“. Сите беа уверени дека ќе освоиме. Никој не очекуваше така жесток натпревар зошто секое финале ретко е многу возбудливо“, се сеќава капитенот на Ливерпил.

ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ ВОДЕА 3:1 И ВО СОБЛЕКУВАЛНА ВЕЌЕ СЛАВЕЛЕ ТРОЈНА КРУНА

Пред големото финале на Мајкл Овен му стигнале нови копачки од Италија, тој многу сакал да истрча во нив, но Улие побарал да ги носи истите со кои му даде два гола на Арсенал. Суеверието не успеа: Овен не постигна гол ама никој и не помисли на тоа после првите 45 минути.

Шпански Алавес беше аутсајдер кој направи сензационално чудо таа сезона. Малку познат клуб од кој пар сезони претходно беше во трета лига. На патот до Дортмунд го прегазија Кајзерслаутерн со вкупни 9:1.

Во 3' минута бекот Маркус Бабел го отвори резултатот а во 16' Џерард зголеми на 2:0. Алавес намали но Ливерпул брзо даде трет гол и на полувреме отиде готов да слави титула.

„Кога влеговме во соблекувална сите мислевме дека веќе победивме. Навивачите пееја за тројна круна, фудбалерите ги поздравуваа. Дури и тренерите збореа дека пехарот е наш ако продолжиме така да играме. Јас исто бев уверен: Алавес ниеднаш не не загрози така што во втор дел излеговме аморфни“.

Интересно, во случај на триумф фудбалерите на Алавес имале ветување дека ќе добијат премија од по 800.000 евра, па тренерот Мане на почеток на второ полувреме ставил и трет напаѓач.

Во 47' минута Хави Морено (шпиц кој се изнадава голови таа сезона па отиде дури во Милан) намали на 3:2 а во 49' израмни на 3:3 за делириум меѓу малубројните Шпанци на трибините.

Играчите на Ливерпул шокирани гледаа еден во друг и не веруваа дека празникот им завршува тука.

Гери Мекалистер подоцна раскажал дека главен впечаток од финалето не му бил реализираниот пенал, ни златниот автогол ни златниот медал кој му го врачи Јохан Кројф. Најмногу се сеќава на зборовите кои му ги кажал Роби Фаулер: „Да, Гери, ова е двојно дилдо од Алавес“.

Роби влезе во игра во вториот дел а во 73' минута како да го реши мечот: ги издрибла бековите на Алавес и сјајно пласираше во агол за 4:3.

Во 89' минута кога се изгледаше готово и навивачите на Ливерпул почнаа да слават, по грешка на голманот Сандер Вестервелд, Јорди Кројф (синот на легендарниот Јохан) скокна во воздух и со глава израмни на 4:4! Лудило!

„Во продолженијата Улие ме стави на десно крило. Почнав да мислам на пеналите. Но и тие беа далеку.

Во 99' минута судијата исклучи еден играч на Алавес, а во 116' и друг за тежок фаул над Шмицер. Шпанците продолжија со 8 играчи во поле.

Тоа го искористи Ливерпул кој со последни сили тргна кон победа. По еден центаршут на Мекалистер, не баш најдобро излезе голманот Мартин Ерера а бекот Делфи Гели (сега е претседател на Жирона) си постигна златен автогол и Ливерпул славеше конечно 5:4!

„Неверојатно. Сите играчи ми честитаа мене и ми се фрлија како јас да сум дал гол. Смешно беше што Диди Хаман и Маркус (Бабел) заборавија на правилото за златен гол и тргнаа кон центарот. Не знаеа дека е готово, мислеа дека има уште 5 минути да се доиграат. Типична германска дисциплина“, раскажал подоцна Мекалистер.

А Џерард споделил сеќавања:

„Прво не ми текна на златен гол зошто не го слушав внимателно Жерар Улие пред мечот. Не ни сфатив дека натпреварот е готов дека сме победиле. По ѓаволите нека оди се!, ногите сами ме понесоа во славјето. На крајот ние победивме на фудбалски меч а не на пенали. Иако да победиш во финале со автогол не е баш многу убаво“.

ПОСЛЕ ОВА АЛАВЕС ИСПАДНА ВО СЕГУНДА А ЖЕРАР УЛИЕ НАЈАВИ ЕРА НА ЛИВЕРПУЛ

Французинот кој не беше омилен на „Енфилд Роуд“ како што е Јирген Клоп денес, ја освои тројната круна и сонуваше да ја освои титулата во Паремиер лига.

По финалето во Дортмунд тој рекол дека доаѓа ново време во кое Ливерпул ќе биде шампион. Во следната сезона завршија втори во ААнглија, а после 5-ти во 2002/2003 и 4-ти во 2003/2004. Улие даде отказ а место него дојде Рафа Бенитез.

Од друга страна, култниот Алавес кој остана незаборавен со Хави Морено, Хозе Мари, Иван Томиќ, Козмин Контра и Јорди Кројф заврши неславно. Двете главни ѕвезди на тимот Хави Морено и Козмин Контра отидоа во Милан но таму одиграа по една сезона и ги снема.

Во 2003-та клубот испадна од Ла Лига и дури 7 души од составот кој му се исправи на Ливерпул заминале од Алавес. Клубот се врати во Ла Лига на една сезона во 2005-та а после тавореше во ниските лиги. Се вратија дури во 2016-та но повисоко од 9-то место не завршија.