Виктор Ѓокереш во моментов за клубот Спортинг и за репрезентацијата на Шведска има 32 гола и осум асистенции на 24 натпревари. 10 погодоци му се за Шведска на шест меча. Не постигна погодок само на дуелот со Словачка кој заврши 2:2.
Во Лига на Нации на шест меча има 9 гола а лидер е и со Австријецот Баумгартнер на листата најдобри асистенти со по 4 асистенции.
Просекот на расниот голгетер му е 1,3 гола по натпревар сезонава.
Виктор синоќа против Азербејџан (6:0) постигна четири гола а тоа му е втор таков настап со „покер“ во само три недели. На 1. ноември постигна четири гола на мечотпротив Ештрела во португалската лига, два дена после тоа постигна хет-трик против Манчстер Сити и сега одново растури со дури 4 гола.
Ѓокереш ги матираше голманите на 18 од 24 натпревари сезонава. Кога немаше гол имаше асистенција.
Шведскиот центарфор има 58 гола во календарската 2024-та година. Во 2023-та година на Кристијано Роналдо му требаа 53 погодоци за да стане најдобар стрелец во календарска година (споена од две сезони).
Ѓокереш до Нова година ќе има уште осум натпревари со Спортинг Лисабон така што тој ќе го подобри уште својот рекорд. Зад него на неофицијалната листа на најдобри стрелци се уште и Кинезот Леи со 43 гола, Хари Кејн со 42 гола, Ерлинг Халанд со 41 гол, Роберт Левандовски (38), Џонатан Давид (36), Кристијано Роналдо (35), Ел-Каби (34), Александар Митровиќ (34), Винисиус (32), Килијан Мбапе (32).
Тој е веќе мета на најголемите светски клубови и прашање на време е кога ќе замине од Спортинг Лисабон каде стекна светска слава.
***********************************