Заврши најдолгата официјална серија на еден клуб без победа. Најлошиот тим на светот конечно освои три поени.
Фудбалскиот клуб Тунстал Таун стана познат во медиумите во јануари минатата година кога успеаа да не загубат по серија од 143 порази. Викендов тие конечно и победија.
По 171 одигран натпревар од септември 2007-та година, од кои 169 беа порази, а еднаш ремизираа, фудбалерите на Тунстал Таун славеа со 2:1 против резервниот тим на Бетли.
Одигрувањето на натпреварот од 13-та англиска лига било во неизвесност заради лошото време, а на половина час пред почетокот им фалеле и четворица играчи.

По неколку телефонски повици тие едвај составиле тим и натпреварот започнал, а 90 минути подоцна ни самите не верувале дека победиле. Дури и на судијата не му се верувало дека тој е дел од овој историски меч и побарал да се слика со јунаците по натпреварот.
Фудбалскиот клуб се најде во медиумите и пред три години откако одбранбените фудбалери заедно имаа 300 години и два пати загубија со 19:0. Изминатите сезони имаа гол разлика -170 и -200, а оваа сезона малку се поправија и по 18 натпревари имаат негатива од 66 голови и се на дното од втората дивизија на Страфордшир лигата или 13-та по ранг во Англија.