Креативноста не е одлика на секоја екипа. Некои едноставно имаат дефанзивен стил им поважно им е да го сочуваат својот, а дури потоа да го загрозат противничкиот гол. Но секако повеќето од фудбалските екипи се обидуваат да играат поофанзивен фудбал затоа што тоа е и една од главните причини што привлекува публика на стадион.
Сигурно мислите дека Барселона е на самиот врв на листата на екипи кои играат офанзивен фудбал и креираат најмногу шанси, но се лажете. Каталонците не создаваат најмногу шанси, но искористуваат гол дел од нив.
Креативноста пак никогаш и не гарантира успех. Класичен пример за тоа е Милан. Фудбалерите на Милан оваа сезона имале повеќе шанси за гол од Барселона, но постигнаа скоро двојно помалку голови.
Но и недостатокот на креативност во играта може да влијае на резултатите. Доказ за тоа е Манчестер Јунајтед кој е 19-ти на оваа листа, а колку некреативноста влијае на нивните резултати може да се види од табелата на Премиер лигата.
20. Монако - 195 шанси
19. Манчестер Јунајтед - 196
18. Волфсбург - 197
17. Барселона - 202
16. Свонси - 205
15. Рома - 211
14. Интер - 213
13. Милан - 216
12. Њукасл - 217
10. Евертон - 221
10. Борусија Дортмунд - 221
9. Баерн Минхен - 226
8. Арсенал - 228
7. Челси - 241
5. Тотенхем - 253
5. Јувентус - 253
4. ПСЖ - 256
3. Ливерпул - 261
2. Реал Мадрид - 273
1. Манчестер Сити - 277