Во 12 минута од средбата Муци му спушти една топка на Пандев кој изгледаше дека нема да ја стигне бидејќи пред себе го имаше Фабио Канаваро, но македонскиот напаѓач не само што стигна пред него, туку и заработи ваков опис во италијанските медиуми:
„Јуве се изнамачи против одличниот Лацио кој прв премина во водство со фантастичниот гол на Пандев кој ја легна на колена цела одбрана на Јувентус составена од Канавано, Зебина и Турам, а потоа го совлада и Буфон со лева“.
Горан Пандев тогаш ја играше првата сезона во Лацио, имаше само 21 година и беше малку познат за италијанската публика, а дојде од редовите на Анкона. Јувентус беше силен, а мечот го доби со 2:1, пресврт кој го направија Оливера и Ибрахимовиќ. На крајот Јуве стигна и до титулата која потоа ја загуби поради скандалот Калчополи, а Лацио заврши 10-ти.
Тренерот Мимо Казо во прв тим ги пушти: Серени, Одо, Таламонти, Коути, Сивиља, Цезар, Филипини, Џаникеда, Дабо, Муци и Пандев.
Фабио Капело имаше шампионски состав кој претходната сезона стигна до финале во ЛШ: Буфон, Зебина, Турам, Канаваро, Ѕамброта, Каморанези, Емерсон, Апија, Оливера, Ибрахимовиќ и Дел Пјеро.
По мечот се зборуваше дека Капело и Канаваро му честитале на Пандев за мајсторијата.
Прво голот на Пандев кој се вртеше на интернет со арапски коментар.
Сите голови со италијански коментар.
Пандев остана 5 сезони во Лацио и стана седми најдобар стрелец во историјата на клубот како и најпрецизен стрелец меѓу странците, а во поволна ситуација да го стигне е Мирослав Клосе. Јуве и Лацио се среќаваат вечерва со почеток во 20:45.