Илија Несторовски постигна чист гол од тешка позиција по само 4 минути игра против фаворитот Рома, кој беше предмет на анализа во сите угледни италијански медиуми.
„Несторовски не беше во офсајд бидејќи Алесами не ја допре топката. Требаше да биде 1:0 за Палермо во 4-та минута“, стои во анализата на Скај Спорт.
Спорните судиски одлуки на натпреварите во Серија А, се стандардна тема за анализирање во италијанскиот печат после секое коло, па така сега со скрин шот од моментот беше прецизно анализирана акцијата на Палермо по која падна регуларен гол.
Доказ за тоа е што долгата топка која беше упатена кон шеснаесетникот на Палермо, стигнува до Илија Несторовски без претходно да ја допре неговиот соиграч Алесами. Во спротивно тоа ќе беше асистенција на Алесами до Несторовски и чиста офсајд ситуација. Еве го фото приказот.
Како и видео од моментот.
What a howler by Szczesny!!!!! #Nestorovski thought he had scored!!! But offside, #Roma get lucky.#PalermoRoma pic.twitter.com/utSa7JZoDS
— Lega Serie A (@SerieAchannel) March 12, 2017
Насловите на Газета дело Спорт, Кориере дело Спорт, Скај Спорт и Медиа Гол.
За Илија Несторовски ова требаше да биде 11-ти гол во дресот на Палермо и тоа точно на денот на неговиот 27-ми роденден, а згора на сè синоќа ја имаше таа чест да ја носи капитенската лента.
На Палермо му преостануваат уште 10 кола до крајот на сезоната за да се спасат од испаѓање, а за тоа ќе треба да ја стопат предноста на Емполи кој им бега 7 бода.