ГРУПА А
1.Манчестер Јунајтед 12
2.Базел 9
3.ЦСКА Москва 9
4.Бенфика 0
Бенфика - Базел
Манчестер Јунајтед - ЦСКА Москва
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Најкомплицирана е ситуацијата во групата А, бидејќи три екипи се во борба за пласман во топ 16. На Манчестер Јунајтед му е најлесно бидејќи оди понатаму со победа, реми, па и висок пораз. Тимот на Мурињо може да биде елиминиран ако загуби 0:7, а истовремено слави и Базел.
БАЗЕЛ
Со победа против Бенфика на гости се осминафиналисти.
ЦСКА МОСКВА
За пласман во следна фаза им треба подобар резултат од Базел. Ако и двете екипи вечерва победат, Русите за осминафинале треба да бркаат победа од 3 гола разлика.
БЕНФИКА
Елиминирани се.
Елиминирани се.
ГРУПА Б
1.ПСЖ 15
2.Баерн Минхен 12
3.Селтик 3
4.Андерлехт 0
Баерн Минхен - ПСЖ
Селтик - Андерлехт
ПСЖ
Парижаните се осминафиналисти и остануваат први ако победат или одиграа реми со Баерн.
БАЕРН МИНХЕН
Понатаму одат и Баварците кои можам да бидат лидери во група само ако го совладаат ПСЖ со 4 гола разлика.
СЕЛТИК
Елиминирани се, но можат да се квалификуваат во ЛЕ со нерешено или победа против Андерлехт.
АНДЕРЛЕХТ
Елиминирани се, но можат да се квалификуваат во ЛЕ со победа од 3:0 против Селтик.
ГРУПА Ц
1.Челси 10
2.Рома 8
3.Атлетико Мадрид 6
4.Карабах 2
4.Карабах 2
Челси - Атлетико Мадрид
Рома - Карабах
ЧЕЛСИ
Квалификувани се и можат да бидат први со победа или подобар резултат од Рома.
РОМА
Можат да бидат први со победа, ама Челси да загуби или освои бод. Ако не победат, треба да се надеваат да не победи ниту Атлетико.
АТЛЕТИКО МАДРИД
Можат да станат осминафиналисти само ако победат во Лондон, а истовремено не победи Рома.
КАРАБАХ
За нив останува сатисфакцијата што станаа прв клуб од Азербејџан кој стигнал до ЛШ и парите кои им следуваат.
ГРУПА Д
1.Барселона 11
2.Јувентус 8
3.Спортинг 7
4.Олимпијакос 1
Барселона - Спортинг
Олимпијакос - Јувентус
БАРСЕЛОНА
Квалификувани како први во група.
ЈУВЕНТУС
Со победа се осминафиналисти. Ако не победат, ќе треба да се надеваат дека Спортинг ќе загуби на Камп Ноу.
СПОРТИНГ
За пласман во топ 16, тимот каде настапува Стефан Ристовски мора да слави против Барса, а Јувентус да загуби во Атина. Реми не им е доволно поради подобриот меѓусебен дуел на Јувентус. Ако Спортинг ремизира, Италијанците одат понатаму и со пораз.
ОЛИМПИЈАКОС
Елиминирани се.