На два дена до стартот, 158 трансфери во Ла Лига уште не се регистрирани

Барселона во моментов има на располагање само еден голман и многу нерегистрирани играчи, а во најлоша ситуација е Леванте кој има само тројца играчи, со кои не може да се пријави ниту на турнир во Илинден.

Клубовите од првата и втората шпанска лига работат турбо за да ги регистрираат новите играчи пред првото коло закажано за викендов.

На два дена до почетокот на новата сезона, повеќе од половина од новите играчи, сè уште не се регистрирани. 

Рестриктивното ограничување на платите и бирократските процедури го ограничуваат просторот за маневрирање на директорите на клубовите.

Ситуацијата предизвикува вознемиреност кај навивачите кои се плашат од резултатите во првите неколку кола.

Од вкупно 283 потписи ова лето, само 125 нови регистрирани играчи се појавуваат на веб-страницата на Ла Лига.

Барселона е еден од клубовите што сè уште не регистрирала многу од своите играчи. Ова е чест проблем во последните години и затоа Дани Олмо не можеше да игра во првите неколку кола минатата сезона.

Оваа година, проблемот може да биде на голот. По повредата на Тер Штеген, Ињаки Пења е единствениот регистриран голман за првиот тим. Ниту новодојдениот Жоан Гарсија, ниту Шчесни не можат да играат во прво коло.

Покрај нив, уште пет играчи во тимот, како што се Рашфорд, Жерар Мартин, Форт, Бернал и Бардги, сè уште немаат лиценци за настап.

Каталонците не се единствените кои се во трка со времето наредните часови. Селта, Леванте, Севиља, Хетафе, Бетис и Елче се во слична ситуација. 

Тимот на Жиралдез сè уште не ги објавил своите четири засилувања, што би биле многу чувствителни загуби за Селта.

Во најлошта ситуација е новопромовираниот  Леванте, кој е прашање е дали воопшто ќе скрои тим за првото коло против Алавес. Само три играчи во моментов имаат право на настап.

Севиља се соочува со проблеми со ограничувањето на платите и е во тешка ситуација. Имаат 14 играчи за мечот против Атлетик Билбао. 

14 август 2025 - 14:14