На Борусија Дортмунд никој не може да и даде гол

Гостинскиот триумф на Милионерите против Хамбург не е обичен триумф. Тој им донесе два рекорди, едниот клупски, а другиот Бундеслигашки кој не му успеал ниту на еден Баерн.

Борусија Дортмунд изминативе години важеше за клуб кој негува напаѓачки фудбал без многу да внимава на одбраната, па нивните натпревари обично лесно се фаќаа во кладилница ГГ3+.
 
Сега ситуацијата е малку поинаква. По пет одиграни кола во Бундеслигата тие немаат примено ниту еден гол, ни дома, ниту гости и се првиот бундеслигаш кој со синоќешните 0:3 успеа да стигне до ваков подвиг.
 
Во првото коло го совладаа Волфсбург со 0:3, па Херта 2:0, потоа одиграа без голови на гости со Фрајбург и во 4. коло го декласираа Келн со 5:0.
 
Борусија во моментов е лидер на табела со 13 бода и гол разлика 13:0. Баерн Минхен заостанува само еден бод, но има примено 3 гола, исто колку Ајнтрахт Франкфурт. Подобра одбрана од нив има Хановер кој има примено 2 гола.
Ниту една друга екипа во топ 5 лигите во Европа нема ваков старт во одбрана. Севиља за сега има само еден примен гол, а по 2 имаат примено Барселона, Интер и двете екипи од Манчестер.
 
Во ерата на Клоп од 2008-ма до 2015-та, Борусија само во две сезони (2010/2011 и 2011/2012) успеа да го заврши првенството со помалку од еден примен гол во просек по натпревар. Во двете сезони со неговиот наследник Томас Тухел, Милионерите примија 34 и 40 погодоци.
 
Голманот кој го држи несовлада голот на Борусија е Швајцарецот Роман Бурки. Неговиот колега од нападот, 19 годишниот Кристијан Пулишиќ синоќа го постигна голот број 3.000 за Дортмунд во Бундеслигата.
21 септември 2017 - 12:45