Мурињо против тактиката на Дел Боске

Тренерот на Реал Мадрид, кој на Европското првенство во Полска и Украина е ангажиран како стручен коментатор на телевизиската станица Ал Џезира ја критикуваше тактиката на шпанскиот селектор, Висенте дел Боске и потенцираше дека изборот да се почне натпреварот против Италија без ниту еден класичен напаѓач е погрешен.

"Не е убаво да гледате постојано додавање на топката меѓу Чави, Иниеста и Фабрегас, а во меѓувреме да нема закана кон голот на Буфон. Точно е дека комплетниот среден ред работеше напорно во текот на целиот меч, но во целост играта делуваше многу стерилно", истакна Мурињо.

Тренерот на Кралскиот клуб е изненаден од играта на италијанската репрезентација и верува дека овој тим може да биде пријатно изненадување на турнирот.

"Лично сметам дека Италија ќе забележи висок пласман. Шпанија не успеа да го неутрализира, Пирло, кој честопати има задаваше многу проблеми на противничките играчи. Одлично играше и Де Роси, тој само го потврди моето мислење дека е еден од најдобрите фудбалери во Италија", истакна Португалецот.

Инаку шпанскиот селектор натпреварот против Италија го почна со формација 4-3-3 и на стартот немаше ниту еден класичен напаѓач бидејќи Фернандо Торес, Алваро Негредо и Фернандо Љоренте.

10 јуни 2012 - 22:52