Голем број светски медиуми ја пренесоа фотографијата на која Мурињо го мери едниот гол, а потоа и бара од луѓето од УЕФА да ја проверат целата работа. Голот бил 5 сантиметри понизок од другиот.
Мурињо ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил каде го следат неколку милиони луѓе.
За цела среќа Жозе приметил пред стартот на мечот кој Тотенхем го доби со 1:3, па луѓето од организацијата заедно со луѓето од УЕФА навремено реагираа и ја заменија постоечката конструкција со друга.
„Веднаш приметив дека нешто не е во ред. Го повикавме делегатот на УЕФА да ги провери головите и тој самиот констатираше дека едниот е понизок за 5 сантиметри. Баравме веднаш да се замени“, изјави Мурињо синоќа.
🤯 Tottenham Hotspur boss Jose Mourinho reveals the extraordinary pre-game incident in which Spurs demanded that the goals be replaced!
— Last Word On Spurs🎙 (@LastWordOnSpurs) September 24, 2020
😅 “The goals were five centimetres too small!”
😂 The joys of Europa League qualifying.
🎥:[@HaytersTV]#THFC #COYSpic.twitter.com/w7YTb1wLcc
Оваа вест ја објавија и големите светски медиуми како Асошиејтед прес, Ројтерс, ЕСПН, Скај Спортс, Гардијан, АС, Марка и многу многу други.
Сега логично се наметнува и прашањето како е можно ниту еден од тие силни делегати кои ги водеа претходните натпревари на македонската фудбалска репрезентација во Лига на нации, првенствените дуели во македонската лига, младинските натпревари, да не забележи дека едниот гол е цели 5 сантиметри понизок од другиот?
Што се однесува до квалификациите за Лига Европа, Тотенхем во плејофот за пласман во групна фаза ќе игра против Макаби Тел Авив на домашен терен.