
После тешкиот пораз од Ливерпул 2-0 на Енфилд, Пеп Гвардиола кон навивачите на домашните но и на своите навивачи со прсти гестикулираше број 6 односно бројот на освоени шампионски титули.
Ова новинарите ги потсети на Жозе Мурињо кој така креваше три прсти кон навивачите на Челси и Тотенхем додека го водеше Манчестер Јунајтед.
Мурињо неколку месеци подоцна доби отказ а новинарите сега го прашаа Пеп Гвардиола дали би можел и тој да ја доживее истата судбина.
„Се надевам не во мојот случај... Тој освои три, јас освоив шест.. Но исти сме во тоа. Заедно сме во таквите (тешки) ситуации. Сакав да им кажам на навивачите дека сме многу, многу подобри од тоа што тие го пееја (му викаа „Ќе бидеш отпуштен сабајле“).
Не се чекаше долго на одговор од Мурињо.
„Гвардиола ми кажа нешто синоќа. Тој освоил шест титули а јас три, но јас ги освоив фер и чисто. Ако изгубев, ќе му честитав на мојот ривал зошто бил подобар од мене. Не сакам да победам додека се соочувам со 150 судски пријави“,
Жозе со ова алудираше на 115 обвиненија со кои се соочува Манечстер Сити за наводни разни злоупотреби и затајувања.
Британските медиуми со месеци шпекулираат дека Сити се соочува со исфрлање во подолна лига доколку се докаже дека се виновни за кршење на многу финансиски правила во англискиот фудбал. Процесот почна во септември и беше мистериозно тивок а сега се отрки дека се одржувал во Лондон.
Пеп Гвардиола им гестикулираше на навивачите кои го закачаа