Гвардиола го објасни случајот Де Брујне

Поточно самиот вели дека нема никаков случај (новинарите направија дебата зошто тој не играл, не бил во добри односи со Гвардиола и ред глупости). Пеп вели: „Да да, личен проблем имам со најдобриот играч на светот во последна третина од теренот, проблем имам со фудбалерот со кого работам 9 години и кој ми ги донесе најголемите успеси“.

Кевин Де Брујне во септември доживеа повреда на мечот со Интер во Лига на шампиони. Откако е вратен, влезе само пет пати и тоа од клупата за резерви. Во поразот во големото дерби со Ливерпул 2:0 во Премиер лига, тој исто влезе на 77 секунди пред крајот од мечот.

Тоа беше доволна причина стручните коментатори на Скај Спортс Гери Невил и Џејми Карагер да шпекулираат дека има некоја тензија меѓу играчот и тренерот.

Невил го објасни нивниот однос како „невообичаен, бизарен и чуден“ и додаде „како нешто сигурно се случува во соблекувалната“.

Карагер изјави: „Нешто се случува со Де Брујне и нешто не е како треба ако тој не е во тимот кога е здрав“.

А Пеп Гвардиола смирува:

„Луѓето велат дека јас имам проблем со Кевин. Дали навистина мислите дека не сакам да го играм Кевин? Не ете јас така не сакам да го играм Кевин. Човекот кој има најголем талент во последната третина од теренот. Не, не сакам. Имам личен проблем со него после цели девет години заедни? Тој ми го донесе најголемиот успех. Но пет месеци е повреден па два месеци повреден. Има 33 години. Му треба време да влезе во форма. Како минатата сезона, чекор по чекор. Тој ќе се обиде да го стори тоа и да биде подобар. Очаен сум да го имам неговото најдобро“.

 

6 декември 2024 - 08:54