Пеп Гвардиола им гестикулираше на навивачите кои го закачаа

Во големото дерби на англискиот фудбал Ливерпул со 2-0 го совлада Манчестер Сити и му ја продлабочи неверојатната криза која достигна до 7 порази на последните 8 меча. Црвените сега му бегаат на Сити цели 11 бода во трката за титулата а на Пеп тоа не му падна баш лесно.

Ливерпул славеше 2-0 со головите на Коди Гакпо во 12' и Мохамед Салах во 78-ма минута од пенал. Златна победа и три бода за 11+ во однос на најголемиот конкурент за титулата.

За време на натпреварот навивачите на Ливерпул неколку пати му пееја на Пеп: „Утре ќе добиеш отказ“, на што тој одговори со покажување шест прста како алузија на шесте титули кои ги освои во Премиер лига со Манчестер Сити.

„Sacked in the morning, you're getting sacked in the morning“:

И на пресот после дуелот се видело дека не му било баш сеедно.

„Сите стадиони сакаат да ме отпуштат, а се започна во Брајтон. Можеби се во право со резултатите кои ги имаме. Но не го очекував тоа на Енфилд. Не го пееја тоа на 1-0 туку на 2-0. Можеби требаше да го скандираат тоа во минатото, не сега. Сега се користат (со ситуацијата).

Не го очекував тоа од луѓето во Ливерпул но добро, дел е од играта, го разбирам целосно. Имавме неверојатни битки меѓусебни. Имам почит за нив“.

По судиската свирка за крај тој покажуваше шест прсти и пред гостинскиот сектор кај навивачите на Сити:

Сити сега во меѓу-неделното коло ќе го пречека Нотингем Форест пред да оди кај Кристал Палас следниот викенд. Подоцна ги чека Јувентус на гости во Лига на шампиони па Премиер на гости со Манчестер Јунајтед и Астон Вила.

Сигурно тежок распоред за Манчестер Сити и за Пеп Гвардиола кој за првпат во кариерата се соочува со ваква страшна резултатска криза (во Барселона и Баерн доминираше и не знаеше што е горчина на серија порази).

Очигледно е дека Гвардиола се привикнува на настанатата ситуација и се обидува да најде начин за излез од кризата.

2 декември 2024 - 08:49