Мртвата трка во Премиер лига за ЛШ

Гори во Англија кога се во прашање битките за места кои водат во Лигата на шампионите. И допрва ќе гори, а голема е веројатноста да одлучуваат директи дуели.

Манчестер Сити 61, Нотингем Форест 60, Њукасл 59, Челси 57 и Астон Вила 57 се петте екипи кои се борат за три места во ЛШ. Со тоа што сезонава имаат и малку среќа, бидејќи Англија ќе има 5 преставници во најелитното клупско натпреварување.

И како што гледате, битката ќе биде пеколно неизвесна бидејќи од седмопласираната Астон Вила до третопласираниот Манчестер Сити разликата е само 4 бода. Со тоа што Нотингем, Њукасл и Челси имаат натпревар помалку.

Пеп Гвардиола има најлесен распоред и не се среќава со ниту еден тежок противник. Ако сака ЛШ, мора да оди на 12 бода против Вулверхемптон, Саутемптон, Борнмут и Фулам.

Најтешкиот распоред дефинитивно му се падна на Челси кој ќе треба да се соочи со Ливерпул и потоа со два директки конкуренти, а тоа се Њукасл и потоа Нотингем Форест и тоа во последно коло.

23 април 2025 - 08:27