Ждрепка за Лига Европа

Мега дерби Милан - Арсенал, Ристовски против Плзен

До крајот од денешната ждрепка се очекуваше да се види против кого ќе играат гигантите а на крајот едни од главните фаворити паднаа меѓу себе.

На пладневната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион организаторите се држеа до правилото од Извршниот Комитет - екипи од Украина (во случајов Динамо Киев) и Русија да не може да паднат едни против други поради тоа што нивните земји биле во меѓусебна војна. 

Од таа причина куглата со Динамо Киев беше во посебен сад каде што го чекаше противникот извлечен од садот во кои беа останатите 11 тимови.

Ждрепката ја водеше Ерик Абидал, кој работи како амбасадор на УЕФА и ги извлече:

ЛАЦИО - ДИНАМО КИЕВ
ЛАЈПЦИГ - ЗЕНИТ
АТЛЕТИКО МАДРИД - ЛОКОМОТИВ МОСКВА
ЦСКА МОСКВА - ОЛИМПИК ЛИОН
ОЛИМПИК МАРСЕЈ - АТЛЕТИК БИЛБАО
СПОРТИНГ ЛИСАБОН - ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН

ДОРТМУНД - САЛЦБУРГ
МИЛАН - АРСЕНАЛ

Осминафиналните дуели ќе се играат на 8. март со реванш една недела подоцна, на 15. март во исто време како и досега, со термини од 19:00 и 21:05.

Ждрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 16. март а првите дуели од оваа фаза ќе бидат на програмата на 5. април со реванши на 12. април. Ждрепката за полуфиналето е закажана за 13. април, првите дуели од оваа рунда ќе се одиграат на 26. април, реваншите на 3. април.

Големото финале на Лига Европа е закажано за 16. април на „Стад де Лион“ во Лион.

23 февруари 2018 - 13:18