Мбапе буквално ја искина мрежата на Сосиедад

Со два погодоци на Килијан Мбапе, ПСЖ и во реваншот од 1/8 финале го совлада Реал Сосиедад, со 1:2 и заслужено со вкупен резултат 4:1 оди во четвртфинале.

Првиот гол на Килијан Мбапе на реваншот во Сосиедад беше прекрасен. Светскиот шампион со Франција од 2018-та го шашардиса својот чувар, со неколку „лажњаци“ го исфрли од игра и со прекрасен удар во спротивниот агол го совлада домашниот голман.

Интересно, Мбапе не шутираше пресилно но освен што постигна гол, во исто време и ја искинал мрежата на голот на Сосиедад па вработените на стадионот на сугестија на судиите повторно ја врзувале.

Мбапе во вториот дел го постигна и вториот погодок, во свој стил, избега еден на еден на лево крило и ја искористи грешката на високата линија на последната линија на Реал Сосиедад.

Килијан стигна до број од 46 гола во Лига на шампиони (во групна фаза) и 18 во плејоф. Ги стигна Раул и Шевченко, а повеќе од него во нокаут фаза на Лига на шампиони имаат Кристијано Роналдо (67), Лионел Меси (49), Карим Бензема (34), Роберт Левандовски (31) и Томас Милер (27) кој исто постигна гол во вторникот вечерта.

ПСЖ заедно со Баерн Минхен е прв четвртфиналист на Лига на шампиони. Сега им преостанува да го чекаат 15-ти март кога на жрепка ќе го дознаат следниот ривал. Тогаш ќе се извлечат и евентуалните парови во полуфинале.

Четвртфиналните мечеви се играат на 9-ти и 10-ти април а реваншите се на 16-ти и 17-ти април.

5 март 2024 - 23:09