Матијас Замер: Во 97-ма за малку ќе умрев

Поранешниот германски репрезентативец и европски првак во 1996 година, морал предвреме да ја заврши кариерата.

На 13 октомври 1997 година Замер бил во клиника во Берлин поради повреда на коленото, но по операцијата имал големи болки и качил температура. Докторите му нашле бактерија која можела да предизвика тешки смртоносни болести или па остане инвалид.

„Лекарите зборувале со мојата сопруга на која и дале мала надеж за мене и ја подготвувале за најлошото. Таа ми пренесе малку подоцна. Лековите кои ми ги дадоа не помогнаа, но последните кои ми ги додоа ми го спасија животот“.

Тој денеска е спортски директор на Баерн Минхен, но по операцијата пред 17 години се уште има последници.

„Можев да играм уште 4-5 години, но бев спречен. Сега не можам да трчам со моите деца, но секојдневието со семејството  ме прави среќен“, вели Замер.

Како играч настапуваше за Динамо Дрезден, Штутгарт и Интер, а најголемите успеси ги постигна во дресот на Борусија Дортмунд со кои освои шест трофеи од кои титула во Лигата на шампионите.

Во 1996 година фудбалерот од средниот ред, ја освои Златната топка и беше дел од селекцијата на Германија која го освои Европското првенство.

21 ноември 2014 - 12:22