Поранешниот светски шампион со Аргентина изјави дека апсолутно поддржува воведување видео технологија во фудбалот со која судиите би гледале повторени снимки од спорните моменти.
Фудбалот и технологијата се во врска која што ги дели критичарите и љубителите. Кој е за, во одбрана на регуларна и коректна проценка на играта и кој е против во име на слободната судиска проценка која што го дружи фудбалот уште од историјата. Аргументите за и аргументите против веќе со месеци ’кршат копја’.
Последен се огласи Диего Армандо Марадона којшто за сајтот на ФИФА го изнесе своето видување на употребата на VAR акроним од video assistant referee или судиска видео проценка.
Оваа техника се користеше на неодамнешниот Куп на Конфедерации во Русија.
„Фудбалот не може да остане во минатото. Со оглед на брзината со која технологијата еволуира и кога гледам други спортови коишто имаат слично нешто, нелогично е да не се воведе и во фудбалот“, изјави Марадона за сајтот на ФИФА.
Критичарите велат дека со ваквото нешто се губи традицијата и убавината на фудбалот затоа што ќе се губи многу време при прекините за 90 минути.
„Искрено не верувам дека ќе биде така. Велат ќе се арчи време, но мислам дека е многу поважно да се расчисти со една неправедна ситуација како на пример недосуден чист пенал. Во таа смисла технологијата носи транспарентност и квалитет и дава позитивни моменти за екипите кои одлучуваат да ризикуваат и да играат офанзивен фудбал, а играта ќе стане подинамична. Ако на екипата и се признае чист гол кој бил поништен играта ќе добие на спектакл, а ако се поништи чист гол се губи оваа можност и тоа не е фер“.
’Божјата рака’
Мислењето на Диего околу ВАР тежи повеќе од кој и да било затоа што самиот тој лично беше автор на најконтроверзниот гол во историјата на фудбалот.
На 22. јуни 1986 година кога Ел Пибе даде два гола против Англија во финалето на Светското - од кои првиот беше контроверзен затоа што во еден дуел со голманот Питер Шилтон скокна и со раката близу главата ја удри топката која заврши во голот а судијата го призна погодокот.
„Помислувам на овој гол секогаш кога се изјаснувам околу употребата на Видео технологија. Ако во тоа време имаше Видео технологија можеби немаше да ми го признаат голот. И ќе ви признаам една работа: На Мундијалот 1990 исфрлив една топка од нашиот шеснаесетник откако играв со рака. Среќа што судијата не забележа ништо. Но времињата се сменети“, додава Диего.