На 22 јуни 1986-та, четири години по крајот на воениот конфликт меѓу Аргентина и Англија за Фолкландски острови, репрезентациите на овие две земји се сретнаа на Светско првенство каде падна најконтроверзниот гол во историјата.
Повеќе од 200 луѓе е досегашниот број на жртви во катастрофалниот земјотрес кој го зафати Мексико. Има урнати згради, училишта, патишта, а погоден е и стадионот кој е дом на селекцијата на Мексико.
Ако во време на Сеп Блатер фрлаше дрвја и камења по ФИФА, денес Марадона е целосно прибран и пристоен откако организацијата ја води Џани Инфантино. Аргентинецот ја поддржува замислата за видео-технологија и реприза на спорните моменти.
Ова момче не било ниту родено кога Марадона го постигна најславниот гол со рака на Мундијалот во Мексико 1986 година, но успеа да направи речиси идентичен фалсификат погодок како да го вежбал. Мечот помеѓу Њукасл и Челси е во рамките на англискиот ФА куп за играчи до 18 години.