Двете легендарни мундијалски средби на оштетениот стадион во Мексико

Повеќе од 200 луѓе е досегашниот број на жртви во катастрофалниот земјотрес кој го зафати Мексико. Има урнати згради, училишта, патишта, а погоден е и стадионот кој е дом на селекцијата на Мексико.

Стадионот Астека е изграден во 1966-та година и важи за најголем стадионот во Мексико на кој настапуваат фудбалската репрезентацина на оваа земја и прволигашот Америка.
 
На Твитер се појави снимка на која се гледа пукнатина на стадионот поради која почнала да се клати една од трибините. Поради направената штета, мечот меѓу Америка и Круз Азул кој е закажан за четврток ќе биде одложен.
Овој стадионот беше домаќин на два легендарни натпревари од Светските првенства кои не се бришат од меморија. На Мундијалот 1970-та година се одигра полуфиналето меѓу Италија и Германија кое заврши 4:3 и кое беше прогласено за меч на векот.
 
Откако Италија имаше водство 82 минути и помисли дека финалето веќе го има во раце, Германија израмни во 90-та минута. Продолжението беше драма од невидени размери. 94-та минута Герд Милер за 1:2, 98-ма Тарцизио за 2:2, 104-та 3:2, 110-та Герд Милер за 3:3 и 111-та минута Џани Ривера за конечни 4:3 за Италија. На истиот стадионот Италијанците го загубија финалето од Бразил предводен од Пеле.

17 години подоцна, Диего Армандо Марадона испиша една сосема поинаква, но истовремено контроверзна и неповторлива историја. Го постигна голот со „божјата рака“ со кој ја елиминираше Англија во четвртфиналето.