Манчестер Јунајтед оди на Реал Сосиедад, Рома и Лацио се избегнаа

По Лига на шампиони, стандардно петочки се извлекоа и паровите во Лига Европа. Можно четвртфинале: Мурињо vs Рома.

Во осминафиналната фаза од Лига Европа можеше да пукне градско римско дерби и тоа за прв во историјата во европските купови.

Но ждрепката сакаше Лацио да оди на Викторија Плзен, а Рома на Атлетик Билбао.

Англичаните добија незгодни противници.

Осминфинални двојки:

Викторија Плзен - Лацио
Бодо Глимт - Олимпијакос
Ајакс - Ајнтрахт Франкфурт
Аз Алкмар - Тотенхем
Рома - Атлетик Билбао
Фенербахче - Глазгов Ренџерс
Стеауа Букурешт - Лион
Реал Сосиедад - Манчестер Јунајтед

Првите осминафинални дуели се играат на 6 март, а реваншите се една недела подоцна.

Во четвртфинале вкрстуваат:

Викторија Плзен - Лацио/Бодо Глимт - Олимпијакос
Аз Алкмар - Тотенхем/Ајакс - Ајнтрахт Франкфурт
Фенербахче - Глазгов Ренџерс/Рома - Атлетик Билбао
Стеауа Букурешт - Лион/Реал Сосиедад/Манчестер Јунајтед

Ултра интересна ждрепка за Лига на шампиони: Мадридско дерби Реал - Атлетико, Ливерпул во Париз

21 февруари 2025 - 13:25