Македонските навивачи на Реал Мадрид главни во Истанбул
Во ситуација кога повеќе од 100 сериозни фан клубови на Реал Мадрид од светот не можеле да стигнат до вредното парче хартија за натпреварот Галатасарај - Реал Мадрид во Лига на шампиони, македонската пења мадридиста добива 90 карти. Одат со два автобуси на гостување во Истанбул каде нивното знаме стои на ударно место од трибината.