
Валон Етеми е роден на 3-ти октомври 1997-ма во село Палатицу, близу Желино, тетовско. Тој играше во Ренова, па во Димамо Тирана. Најголем блесок имаше во албанскиот клуб Кукеши па со сјајни партии заработи понуда од турскиот клуб Истанбулспор.
Од 2021-ва досега Етеми има 17 гола на 60 меча, а само сезонава постигна дури 12 гола со што е на високото 6-то место на листаста стрелци. Пред него се играчи како Мауро Икарди, Диање, Фабио Борини и Енер Валенсија.
Езџан Алиоски одигра цел меч за Фенербахче кој и натаму е на 6 бода помалку од лидерот Галатасарај на четири кола пред крајот од турската Суперлига. Борбата за титула ќе биде жестока до крајот. Галатасарај во последното коло треба да го пречека токму Фенербахче во дуел кој лесно би можел да биде клучен за новиот шампион.