
По ремито 1-1 на првиот полуфинален дуел меѓу Милан и Интер, на реваншот фудбалерите на седумкратниот европски шампион го шокираа градскиот ривал а и своите навивачи и блеснаа со триумф 0-3!
Јунак на мечот и играч на натпреварот беше Лука Јовиќ со два гола, прво во 36-та минута а потоа и во 49-та минута. Капак на дебаклот на Интер стави холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс во 86-та минута од мечот.
Милан ќе се бори за прв пехар во Купот на Италија после 7 години а во финале ривал ќе му биде најверојатно Болоња која првиот полуфинален дуел со Емполи на гости го доби 0:3 и сега ги чека рутински реванш.
Големото финале на Копа Италија се игра на 14-ти мај од 21.00 часот на „Олимпико“ во Рим.