Лука Дончиќ ја скроти Минесота

Кошаркарите на Далас Маверикс славеа на гости кај Минесота Тимбервулвс 105:108 и го добија првиот меч од финалната серија на Западот.

Со одлична партија на тандемот Дончиќ-Ирвинг, Маверикс дојдоа до славје на теренот каде сезонава многу малку екипи стигнаа до триумф.

Дончиќ постигна 33 поени со шест скока и осум асистенции, со три украдени топки, една блокада и четири загубени топки. Кајри Ирвинг имаше 30 поени со пет скока и четири асистенции.

Кај домаќинот Мекданиелс уфрли 24 поени, Едвардс беше „мирен“ со 19 поени (очаен шут од игра 6/16 за два), Таунс броеше до 16 поени а Рид до 15.

Неизвесната завршница:

Следниот меч се играше во ноќта меѓу петок и сабота во 02:30 часот после полноќ.

 

23 мај 2024 - 08:29