Купете си карта на време, не се буткајте на шалтер во 5 до 12

Од пуста желба веќе еднаш да го видиме Градски полн, како и да се врати малку онаа старата убава атмосфера кога се пееше, а не се дремеше на телефони, ќе се впуштиме во еден апел. Сметаме дека е корисен за гледачите, а фудбалерите тоа го заслужуваат повеќе од било кога.

Македонската фудбалска репрезентација во сабота со почеток од 20:45 го игра третиот натпревар во Лига на нации. Немој да кажете дека уште не знаете што е тоа, бидејќи кога Македонија ги доби првите два меча луѓе што следат фудбал, очигледно кампањски, уште прашуваа.
 
Бидејќи паралелно со победата против Ерменија, наместо да се радуваме повторно требаше да нотираме пропусти, што од организациски аспект и што поради македонскиот менталитет, ајде заедно да ја оправиме овој пат.
 
Значи до натпреварот има уште три дена и сосема доволно време да се избегне гужвата за секој поддржувач на Македонија кој планира да оди на стадион. ФФМ на Фејсбук од понеделникот почна да нуди карти по цена од 100 и 150 денари на три пункта.
 
ВО СИТИ МОЛ
 
 
НА ПЛОШТАД
 
 
И НА БИЛЕТАРА. На која нели не значи дека на денот на одигрување треба да пушти само еден шалтер.
 
 
Со оглед на цената (Дома да ја гледаш е поскапо), времето и можноста за купување карти на повеќе места во градов, редно е време нашиот убав стадион кој собира 33.000 гледачи да се поднаполни и да згрми за Пандев и компанија.
 
Момците немаат пораз од јуни 2017-та, а сега ја добија најлесната или најреалната шанса да стигнат до едно Европско првенство. Табелата по првите две кола изгледа совршено и со оглед на играта и атмосферата во националниот тим се надеваме дека така и ќе остане.
 
 
 
УЕФА смисли начин како да им ги зголеми шансите на малите репрезентации да стасаат до едно големо натпреварување, а желбата на момците на Мрме се гледа според пристапот и залагањето на последните два натпревари.
 
Мечевите со Лихтенштајн (13-ти) и Ерменија (16-ти) ги спремаа од понеделникот, а денеска на тренинг ги посети и чичко Дончо. Убаво ќе биде во сабота да се биде на стадион и поради уште една причина.
 
 
Македонската фудбалска репрезентација ќе прослави јубилејни 25 години од првиот меч од осамостојување, одигран во Крањ против Словенија каде славеше со 1:4. Првиот селектор Андон Дончевски со тогашниот легендарен состав ќе се појават пред саботниот меч кој се поклопува да се игра на тој историски 13-ти октомври.
 

10 октомври 2018 - 14:07