Кујунџија од Бремен го среди проблемот со пехарот во Германија

Популарната „салатара“, еден од најсимпатичните трофеи кои се доделуваат за шампион во германската Бундеслига, веќе немал простор за на него да се изгравира името на новиот првак. Нема проблем, нашле решение кај еден кујунџија од Бремен кој направил нов, поголем и поширок.

Новиот трофеј ќе биде широк 56 сантиметри и ќе тежи 11 килограми. Германски Кикер пишува дека сега пехарот е поголем и поширок од кога и да било претходно.

На трофејот во Бундеслига нема место за новиот шампион, чаре?

16 април 2026 - 08:14