Колеги на Столе од Рајо дустанаблии

Во 26. коло од шпанска Ла Лига, Рајо Ваљекано ја пречека Жирона. Домаќините играат одлична сезона и се на високо 8-мо место со 36 бода и добри шанси за еврокуп. И наместо да искористат шанса да освојат три бода, денес лизнаа поради своја глупост.

При водство 2-1, добиваат пенал. Го изведe Оскар Трехо, голманот Газанига му го брани, но судијата решава да го повтори. И од втора, Трехо решава да му асистира од пенал на соиграчот Исија кој ја шутира високо над голот. На крај Жирона израмни на 2-2.

Нашиот репрезентативен голман бранеше за Рајо и на овој меч и прими два гола.

Вакво нешто во 2016-та изведоа Меси и Суарез на мечот Барселона - Селта, но и тие тогаш не успеаа.

18 март 2023 - 22:23