Кој е според Трамп најдобар фудбалер на сите времиња?

Претседателот на САД беше мошне активен по финалето на Светско клупско првенство меѓу Челси и ПСЖ (3:0). На стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, Трамп доделуваше пехар, остана со играчите на подиумот а после мечот давал изјави.

Го прашале кој за него е најдобар фудбалер а во еден момент рекол и дека ќе покрене иницијатива фудбалот во САД да се вика фудбал, а не сокер.

„Во овој спорт за кој зборувате, не за друг... Пред многу години, кога бев млад, донесоа играч по име Пеле да игра. И играше за тим по име Космос. Мојот пријател Стив Рос од Ворнер Комјуникешнс беше инспирација за сето тоа. Тогаш беше и овој стадион, постара верзија на стадионов. Во тоа време јас бев младо момче, и дојдов да го гледам Пеле а тој беше фантастичен. Можеби ќе звучам старомодно, но би рекол Пеле беше најголем“.

14 јули 2025 - 09:31