Клубовите оствариле приход од 17 милијарди евра

Ревизорската куќа Дилоит го објави својот редовен извештај според кој во сезоната 2011/12, фудбалските клубови од Европа оствариле приход од 16,9 милијарди евра.

Приходите на фудбалските клубови во сезоната 2011/12 во однос на претходната сезона се зголемиле за 4%.

Само во петте најсилни лиги - Премиер, Примера, Бундеслига, Серија А и француската Лига 1, клубовите оствариле приходи од 8,6 милијарди евра.

Англиската Премиер лига и понатаму е водечка во светскиот фудбалс според остварениот приход кој во сезоната 2011/12 изнесувал 2,5 милијарди евра, а клубовите од германската Бундеслига имале приход од 1,746 милијарди.

Кризата во Шпанија ги погоди и тамошните клубови. Само Реал Мадрид и Барселона оствариле раст на приходот од 11%, а приходите на останатите клубови претрпеле пад од 2%. Шпанските клубови оствариле вкупен приход од 1,718 милијарди евра.

Италијанските клубови оствариле приход од 1,553 милијарди евра, а клубовите од првата француска лига имале приход од 1,04 милијарди евра.

1 јуни 2012 - 19:05