Кејн, Италија не оди на Светско

Фантастичниот англиски центарфор и со сигурност еден од Топ5 напаѓачи на светот, Хари Кејн против Германија (1:1) го постигна својот јубилеен 50. гол за Англија. На шпицот на Тотенхем му фалат уште 3 погодоци да го стигне Вејн Руни на вечната листа. И тоа Кејн 50 гола даде на 71 меч а Руни 53 на 120. Но друг ни беше муабетот.

По средбата со Германија, новинар на ЕСПН го прашува Кејн кои три селекции се најдобри за Светското првенство?

„Има многу добри тимови. Имате неколку врвни европски репрезентации - ние, Германија, Франција, Шпанија, Италија, потоа ги имате Бразил, Аргентина...

„Имате сјајни репрезентации ширум светот. За да го освоите Светското првенство, треба да бидете на високо, високо ниво седум меча, изјави Кејн за ЕСПН и заборави дека Македонија ги елиминираше аѕурите среде Палермо.

9 јуни 2022 - 15:35