
Легендарниот уругвајски центарфор кој се прослави во Палермо па потоа блескаше во Наполи и ПСЖ, бил претставен на „Бомбонера“ пред неколку илјади навивачи.
Тој би можел да дебитира за Бока само два дена по промоцијата, затоа што аргентинскиот великан го чека дуел од 1/8 финале на Копа Либертадорес против уругвајски Насионал.
„Многу убави емоции. Кога имав 12 години, стоев таму каде што сте вие сега и сонував еден ден да заиграм за овој клуб. Сега сум тука и уживам во моментите заедно со семејството“, им рекол Еди Кавани на навивачите на Бока кои едвај го чекаат неговото деби.