Катастрофалниот календар во Премиер лига по кој удрија Венгер, Мурињо, Конте и Гвардиола

Колку и да имаат пари за да ги намачкаат бутовите со најдобрите масти и мозок за тоа како и колку да се загреат и да ја темпираат формата, сепак не се роботи. Распоред им е до толку кнап, што ќе ги замразат празниците од премногу играње фудбал.

Божиќ и нова година се посебно уживање за англиските навивачи кои со душа ја чекаат зголемена фудбалска програма која им носи релаксирање. Но сте се прашале ли како им е на играчите кои ако се опуштат со јадење и пиење, ќе зашкрипат на терен.
 
Откако Жозе Мурињо, Арсен Венгер и Антонио Конте отворено го критикуваа згуаснатиот празничен распоред за натпреварите од Премиер лига, со свој коментар излезе и Пеп Гвардиола.
 
Шпанскиот стратег има и причини за да се жали, бидејќи во неделата на 31-ви не загуби само два бода со Кристал Палас, со што и ја прекина низата од 18 победи, туку и остана без двајца играчи. Габриел Жезус ги повреди лигаментите и ќе пауза минимум 2 месеци, а се повреди и Кевин Де Брујне.
„Технички и физички натпреварите за Божиќ и нова година се катастрофа за играчите, но лигата е таа која одлучува кога се игра и ние треба да се прилагодиме. Понекогаш имаш три дена за опоравување меѓу два меча, друг пат тоа се четири или два и за сите е исто. Ланска сезона игравме на Енфилд, загубивме и по два дена игравме дома со Барнли, ама 65 минути 10 на 11. Доста е веќе вака. Јас можам да си го кажам мислењето за оваа тема, но дали навистина тоа ќе помогне да им ја промени одлуката?“, изјави стратегот на Манчестер Сити.

Колку и да им е наметнато дека фудбалот за Боксинг деј и нова година е англиска традиција, сепак и еден англиски тренер го кажа своето за распоредот.
 
Тоа е Алан Пердју кој е бесен што неговиот ВБА мора да игра против Вест Хем само 48 часа по ремито со Арсенал, додека нивните конкуренти во борбата за опстанок имаа 6 дена одмор по Божиќ.
„Ги знаеме притисоците на телевизиите, но клубот испрати официјална жалба до Премиер лигата. Таа треба да биде посилна и треба да се изјасни дека два дена одмор не е доволно, бидејќи на тој начин се ставаат на ризик фудбалерите“, смета Пердју.
Премиер лигашите од божиќното коло на 23-ти декември заклучно со колото на 1-ви и 2-ри јануари имаа вкупно по четири натпревари, а тоа се 4 кола за 10 дена или помалку од 3 дена пауза од еден до друг натпревар.
 
Викендов што доаѓа паузираат натпреварите во Премиер лигата, но и од тоа нема никаков аир за фудбалерите, бидејќи на програмата се натпреварите од ФА купот.
 
Четирите празнични кола изгледаа вака:
 
19-коло

20-коло

21-во коло

22-во коло

3 јануари 2018 - 14:18