Картите за Светско првенство 2026 движат од 60 па до 6.000 долари

Најскапите влезници за Мундијалот 2026 кој ќе се одржува во САД, Мексико и Канада се по 6.000 долари и тие се за финалето. ФИФА полека го почнува процесот на продажба на карти и тоа преку лотарија така што победниците на лотаријата кои ќе стекнат право да си купат карти, ќе бидат известувани по електронска пошта.

Досега имало требување од 4,5 милиони заинтересирани гледачи. Навивачите ќе можат да си одберат карта за едно место од четири категории.

Атлетик открива дека само одреден број луѓе избрани на лотарија при првиот отворен прозор имале право да влезат и да имаат пристап до цените за влезници на Светско првенство 2026. Некој од нив сочувале скрин-шотови и ги пратиле до страницата Атлетик, а некој посветен навивач дури и направил отприлика најпрецизна цела листа на цени на карти.

Најверојатно најскапите карти за групна фаза, со исклучок на натпреварите на кои ќе игра репрезентацијата на САД се за стадионите во Инглвуд (Јужна Калифорнија), Бај Ареа близу Сан Франциско и Њу Џерси.

Оние по 60 долари се ретки што ги снемало буквално за само неколку часа.

Категорија 1: од 410 до 620 долари;

Категорија 2: од 310 до 465 долари;

Категорија 3: од 140 до 215 долари;

Категорија 4: од 60 до 105 долари.

Цените за финалето за светска шампионска титула кое ќе се игра на модерниот стадион во Њу Џерси се следните:

Категорија 1: 6.370 долари;

Категорија 2: 4.210 долари;

Категорија 3: 2.790 долари;

Категорија 4: 2.030 долари.

Цената на карта за првиот натпревар на Светското кој ќе се игра во Мексико изнесува од 745 долари (најевтин) во категорија 3 до 1.825 (најскап) во категорија 1.

При тоа цените секако уште ќе може да се менуваат затоа што на самиот турнир ќе се користи динамично одредување цени.

2 октомври 2025 - 10:58