„Претрпел три срцеви удари во низа. Не сфати што му се случува, се обиде да стане а неговите соиграчи викаа по судијата да го сопре натпреварот“, во ужас раскажуваше тогаш Даниеле Сабастијани, претседателот на Пескара.
„Кога има прекин на работата на срцето во најкраток можен рок мора да се направи масажа на срцето и вештачко дишење, па дури тогаш се применува дефибрилатор. Во нашиот случај, не можевме да ја користиме таа направа, затоа што лекарите ја немаа во возилото“, објасни тогаш шефот на медицинската служба на Пескара Ернесто Сабатини.
„Пјермарио ги загуби родителите како дете, а две години пред смртта починала и неговата 85-годишна тетка која што се грижела за него. Брат му и сестра му имале физички инвалидитет, а најмладиот брат извршил самоубиство кога скокнал низ прозор. Пјермарио имаше навистина несреќен живот, но и покрај тоа имаше златно срце. Без разлика каде играше, секогаш зборуваа само добро за него“, изјави неговиот тренер од младинците на Аталанта, Мино Фавино.
Младиот фудбалер ги поминал јуниорските категории на репрезентацијата на Италија (играл со Марио Балотели, Клаудио Маркизио а со Доменико Кришито бил цимер). Морозини никогаш не заигра во Серија А, целата кариера имаше патешествија по втората италијанска лига. Неговата смрт ја шокираше цела Италија, а на погребот во родниот Бергамо имало илјадниси луѓе кои од самото утро носеле цвеќиња. Од фудбалерите биле Андреа Ранокија и Хавиер Занети како и екипите на Аталанта, Удинезе и Ливорно како и 10.000 жители на градот.
На погребот Мимо Кришито му ја посветил титулата освоена со Зенит во Русија. Во шок бил и Леонардо Бонучи, близок пријател на Морозини кој неколку месеци подоцна основал хуманитарен фонд под името Cuorebatticuore кој што собира средства за набавка на дефибрилатори ширум цела Италија.
„Охрабрен сум од проектов и ќе се обидам да сторам што е можно повеќе за да го привлечам вниманието на младите за овој проблем. Се знаевме со Морозини уште од младинските категории, а неговата смрт беше ноќен кошмар за сите нас. Денес дониравме дефибрилатор во средното училиште Џоберти и се надевам дека еден ден ако е потребно ќе спаси нечиј живот", изјави Бонучи неодамна.
Поминаа 4 години од смртта на Морозини, но Бонучи го памети денот како да бил вчера. На реваншот од Купот на Италија против Интер го водеше Јувентус како капитен (Џиџи Буфон остана на клупата) и спремил посебна капитенска лента. Црвената боја на лентата паѓаше во очи на црно-белиот дрес, а ликот на Морозини се гледаше јасно.
„Лентата е посветена на Пјермарио Морозини мојот добар пријател во чие име направивме добротворна организациа. Минаа четири години од неговата смрт, но јас не го заборавив. Беше вечерва со мене на теренот",