Актуелниот светски шампион Франција ќе ја брани титулата на Мундијалот во Катар. ФИФА во меѓувреме им забрани на репрезентациите да носат свои дизајнирани капитенски ленти без консултации со нив на Светското првенство и инситира дека секој кој сака да носи капитенска лента по свој тертип, таа мора претходно да биде усогласена и одобрена од ФИФА.
Пред неколку дена првиот човек на француската фудбалска федерација Ноел Ле Грае рекол дека би сакал Лори да не носи капитенската лента со бои на виножито зошто не сака неговата земја да држи лекции некому.
„Кога сме во Франција, кога со добредојде примаме странци, ние често сакаме да ги следат нашите правила, да ја почитуваат нашата култура и јас ќе го правам истото кога ќе отидам во Катар, едноставно е. Можам да се согласам или не со нивните идеи, но морам да покажам почит како гостин.
Пред да почнеме што и да е, ни треба согласност од ФИФА, согласност од француската фудбалска федерација. Секако, јас имам свое лично мислење на темата и е прилично близу со она на претседателот“, вели Лорис.
Капитенските ленти во бои на виножито се последна борба со која политичарите од некои земји преку фудбалерите сакаат да извршат притисок врз земјата домаќин Катар каде хомосексуалноста е забранета (илегална) и третманот со мигрантите-работници кои ги градеа стадионите за Светското веќе една деценија е контроверзен.
„Не треба да останеме бесчувствителни на тие проблеми. Ќе се направи нешто во следните денови, часови, ќе видиме“, рекол Лорис за колективната акција за човекови права во Катар.