Бразилскиот феномен кој ќе оди во Реал Мадрид: „Не знам ништо за парите, моите го водат тоа“

Бразилскиот мега талент Ендрик веќе потпиша богат договор со Реал Мадрид но во Шпанија ќе се пресели претстојново лето следната година. Во меѓувреме со 17 години дебитираше за Бразил кој во него има многу надежи.

Центарфорот на Палмеирас дебитираше за Бразил на 17 години и 118 дена и стана еден од најмладите дебитанти во историјата на кариоките. Тој влезе во 82’ минута од клупа за резерви на мечот против Колумбија од квалификациите за Светско првенство 2026 и одигра уште 18 минути со Аргентина.

„Ова е награда за младото момче кое игра одлично“, вели привремениот в.д. селектор на Бразил Диниз кој забележа рекордно негативна серија со дури 3 порази по ред во квалификации за Светско.

Додека Ендрик игра за Палмеирас, Реал Мадрид веќе смислил план за негова интеграција. Немаат намера да го праќаат на позајмица момчето за кое во декември 2022-ра вложија огромни 60 милиони евра. Се надеваат дека ќе тргне по патот на Винисиус и Родриго.

ЕНДРИК ВЕЌЕ УЧИ ШПАНСКИ И ТРЕНИРА БОКС

По ракување со луѓето од Реал, Ендрик веднаш добил личен тренер. Акцентот бил ставен на брзина, издржливост и координација. Тој брзо ставил мускулна маса на себе, а посебен е по тоа што има исклучително силни нозе уште на 17 години.

„Тој е уште дете, но има менталитет на ѕвезда. Ендрик сфаќа колку е важна физиката. Тој работи, сака да стане посилен. Природата го надарила со одлични предиспозиции, посилни нозе, неверојатен чекор од место“, вели Жоао Пауло, тренер од академијата на Палмеирас кој работел со Ендрик.

Шпански АС пишувал дека Ендрик веќе изучува шпански јазик а неодамна и самиот дал интервју на новиот јазик за него: „Спремен сум за нови предизвици не само физички туку и ментално. Иако знам дека тоа е недоволно. Потекнувам од Јужна Америка и не сомневам дека адаптацијата ќе ми биде тешка. Најдобро што можете да направите е да станувате подобар секој ден. Да вложувате во развој“.

Ендрик еднаш неделно работел и со боксерот Џексон де Падуа и со него има спаринг борби. „Ме воодушеви физичката спремност на Ендрик. За негова возраст тоа е класа. Боксот помага. Ендрик знае дека така ќе ја подобри снагата, издржливоста, агилноста, рамнотежата, координацијата, гибкоста“, вели боксерот Де Падуа.

Ендрик е свесен и дека професионалниот фудбал не трпи леснотија. Тој вели и дека не сака ноќни забави.

„Не поднесувам ноќни клубови и забави. Повеќе сакам да одам во ресторан со своето семејство. Не знам ни колку заработувам. Семејството ми се грижи за финансиите. Едноставно сакам само да играм фудбал“.

ЕНДРИК ИСПАДНАЛ ЕДНО ВРЕМЕ ОД ПРВ ТИМ ПА ПЛАЧЕЛ И РЕАЛ МУ ПРАТИЛ СКАУТ ДА ГО ПОДДРЖИ

На почетокот на сезонава на бразилскиот шпиц му било тешко: долго време не дал гол и го седнале на клупа за резерви. После еден момент кога го извадиле од игра на мечот со Брагатино во февруари 2023-та, Ендрик заплакал и го прекрил лицето со пешкир.

„Жално е што сега често почнувам од клупа за резерви но во такви моменти мора да се контролирам себеси. Не мислам дека ќе се повтори ова. Секако притисокот треба да те мотивира. Јас знам дека довебрата се заслужува. Проблем со головите? Тоа е лошо но не ме секира, зошто знам дека со тек на време ќе дојдат. Никој не треба да ме сожалува“.

Во март годинава во Бразил дошол главниот скаут на Реал Мадрид Хуни Калафат. Реал бил немирен за новата ѕвездена надеж и сакал морално да го поддржи. Калафат бил и близок со неговото семејство.

Во април почна сезоната во бразилската лига а Ендрик постигна гол уште на првиот меч. Но после на следните 12 само два пати бил стартер (со Сао Пауло и Атлетико Паранаенсе). И дури есенва станал стандарден првотимец.

Зборуваме за 17-годишно момче.

Бразилски О’Глобо пишал дека тренерот Абел Фереира не сакал да го става во прв тим фудбалерот кој наскоро ќе си оди од клубот, а има верзија дека и Реал Мадрид интервенирал Ендрик да игра повеќе.

И талентот блесна!

На големото дерби од самиот врв на табелата меѓу лидерот Ботафого и Палмеирас, гостиве губеа 3-0 на полувреме. Во вториот дел Ендрик постигна два гола и беше автор на лудиот и неверојатен пресврт и победа од 3-4.

После три дена Ендрик го постигна и победничкиот гол на Палмеирас против Атлетико Паранаенсе за кого игра новата надеж на Барселона и добар другар на Ендрик од младинска репрезентација, Витор Роке.

Ендрик во моментов има 12 гола во бразилскиот фудбал и е најдобар стрелец на светот меѓу играчи до 18 години.

ЕНДРИК ТРЕБА ДА СТАНЕ НОВА И ДОЛГОВЕЧНА 9-КА НА РЕАЛ

Марид многу го цени бразилскиот вундеркинд. Шефот на скаутинг службата Калафат и претседателот Флорентино Перез биле импресионирани од него и едвај чекаат да го видат во белиот „кралски“ дрес.

Реал Мадрид платилз за него 35 милиони фиксни и 25 милиони низ бонуси. Претходно за Винисиус и Родриго платија по 45 милиони евра.

„Сфаќаме дека го продадовме Ендрик поевтино отколку што би можеле. За 3-4 години неговата цена ќе биде 150-250 милиони евра. Сите го видоа неговиот потенцијал. Добивме 12 понуди од разни клубови од светот но тој и неговото семејство рекоа дека го сакаат само Реал Мадрид“, вели претседателката на Палмеирас Лејла Переира.

Реал Мадрид му го спрема бројот 9 на Ендрик кој на „Сантијаго Бернабеу“ треба да дојде на лето 2024. Бразилецот се спрема за новиот предизвик а еднаш рекол дека знае што го чека: „Го следам Бензема и гледам што тој прави во шеснаесетникот и надвор од него“.

Ендрик наводно веднаш ќе биде во првиот тим и нема да оди на адаптација во филијалата Реал Мадрид Кастиља во трета лига.

24 ноември 2023 - 13:52