Каква е оваа доминација на Барселона?

Меси, Суарез и Гризман синоќа ја намачкаа Борусија и се пласираа во нокаут фазата од Лига на шампиони. Со кој и да се паднат во група иста песна секоја сезона. Одиме со два факти кои покажуваат какво екипиште се.

Меси и другарите 13 пати по ред се пласираат во нокаут фазата од ЛШ, ама пазете 13 пати како лидери на табела. 

И ако е тоа малку, внимавајте на следнава статистика. Од 2013-та година немаат дома пораз, а со бод од Ноу Камп си заминале само Атлетико, Јуве, Тотенхем и Славија Прага. Другите им се 33 победи. Гол разлика: 105 дадени, 17 примени. Лудаци.

28 ноември 2019 - 16:04