Каков податок за Јувентус

Со хет-трик на сјајниот Полјак Аркадиуш Милик и еден на младиот бисер Кенан Јилдиз, Јувентус со 4-0 го декласираше Фрозиноне во Купот на Италија и се пласираше во полуфинале од ова натпреварување каде ќе ги чека Лацио. Бјанконерите, пазете ова, во една недела на три меча дале повеќе голови (12) отколку за два месеци претходно. Во ноември и декември постигнале 11 погодоци.

12 јануари 2024 - 10:49