Како Винисиус му се заканувал на Столе Димитриевски?

Кога играш против Реал Мадрид, а и кога Реал игра против тебе, се користат максимално сите средства да се стигне до бод(ови). Тоа најдобро на своја кожа го осети кошаркарскиот тим на Партизан минатата сезона. Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ важи за едно од најтешките гостувања за секој ривал, особено за тимови како Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски. Македонецот бранеше врвно, беше прогласен за играч на мечот, а во еден момент се обиде да го намести за картон Винисиус.

Столе исценира дека е удрен, епизодата делуваше смешно, а потоа се обиде и да „украде“ дел од времето, па го креваа Белингем, Начо, Винисиус...

Токму Бразилецот беше најфрустриран, па дури и му се заканувал на Димитриевски:

„Ќе се видиме јас и ти надвор, надвор ќе се видиме...“, му викал крилниот напаѓач на Реал на Македонецот.

 

Блескав настап на Столе Димитриевски против Реал Мадрид

6 ноември 2023 - 10:54