Блескав настап на Столе Димитриевски против Реал Мадрид

Рајо Ваљекано успеа да му оддолее на Реал Мадрид среде „Сантијаго Бернабеу“ и реми 0:0 да земе голем и драгоцен бод. За играч на мечот е прогласен македонскиот голман Столе Димитриевски.

Носен од Столе Димитриевски Рајо Ваљекано по којзнае кој пат му зема бод или бодови на Реал Мадрид или Барселона.

Македонскиот голман беше јунак на мечот. Имаше неколку фантастични одбрани од кои две го направија играч на мечот.

Првата шанса на Реал Мадрид дојде после само шест минути фудбал кога Федерико Валверде искористи еден голем пропуст на фудбалер на гостите и тргна сам пред македонскиот голман, но Столе одбрани зицер кој ќе биде сигурно прогласен за одбрана на колото.

Пред полувремето Димитриевски одново сјајно реагираше со бравурозна парада. Акцијата ја поведе главната ѕвезда на Реал, Винисиус Жуниор по лева страна, додаде до Хоселу а овој шутираше од прва под пречката но македонскиот голман бранеше беспрекорно.

Карло Анчелоти се обиде да освежи од клупата, на терен влегоа Крос и Родриго но Столе Димитриевски беше решен да му донесе бод на гостинот.

Во еден момент Македонецот се обиде да го намести Винисиус за картон но се испостави дека немало контакт и дека Столе изглумил:

Тука настана и метеж во кој Бразилецот му се заканувал на Димитриевски.

Реал Мадрид имаше целона иницијатива во финишот но нашиот репрезентативен голман покажа дека е во фантастична форма пред репрезентативната пауза. Тој беше прогласен за играч на мечот.

Рајо Ваљекано успеа да освои бод во Мадрид и сега со 18 бода е на 9. место. Реал Мадрид има 29 бода и го отстапи првото место на Жирона.

Како Винисиус му се заканувал на Столе Димитриевски?

6 ноември 2023 - 07:26