Како Швајцарците славеле и пиеле сабајле во 5:10?

Швајцарија со сигурност е една од најстабилните светски репрезентации. Швајцарците, точни како швајцарски часовник секое Европско и Светско првенство години наназад глатко поминуваат групи и тераат до осмина или четвртфинале. Сега со 2-0 го совладаа Алжир со головите на Емболо и Ендоје и одат на подобриот од Колумбија/Гана. Нивниот натпревар се играше во 5 часот наутро по европско време но Швајцарците немале гајле да станат, да навиваат па и да пијат пиво.

3 јули 2026 - 14:32