Како Мурињо правел цели психолошки анализи на судии

Центарфорот Елдор Шомуродов (30) играше во Рома кога овој клуб освои Конференциска лига под водство на Жозе Мурињо. Шомуродов кој е капитен на Узбекистан, раскажува за анализите на Мурињо за судиите.

„Тој (Мурињо) за секој противник работи исто. Многу работи и за судиите. Ни објаснуваше како работи психологијата кај некои судии, како да им пристапуваме на теренот. Имаше посебна теорија за судиите. На пример ни кажуваше за еден судија како да му одиме сите групно да вршиме притисок а не еден на еден зошто ќе ти покаже картон“.

Жозе Мурињо сега е тренер на Бенфика а на Рома ѝ донесе прв историски пехар во еврокуповите. 

3 април 2026 - 11:39